Цените на сите производи на www.comfortcorner.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Комфорт Корнер ДОО го задржува правото за промена на цените во согласност со политиката на компанијата, без известување до корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената што е понудена во моментот на извршување на нарачката, без оглед на фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
За купување производи преку www.comfortcorner.mk важат цените наведени на страницата.
Количините на производите се ограничени. Во согласност со тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи.
Купувачот може да ја откаже, да ја дополни или да ја коригира нарачката во кое било време пред да го реализира плаќањето.
Регистрирањето Мој профил не е задолжително за да се реализира нарачката, но при нарачката задолжителни се податоците за контакт (име и презиме, адреса, држава, поштенски код, телефонски број и имејл), како и адресата за испорака. Висината на поштарината за достава на пратката зависи од адресата за испорака и големината на пратката. За пратки на територија на град Скопје доставата е бесплатна.
По завршувањето на нарачката, ќе ви биде испратена електронска порака на e-mail адресата што ја имате наведено. При евентуални технички проблеми со интернет-страницата, Комфорт Корнер ДОО има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувањето можете да го остварите со следните платежни картички, издадени од која било банка: Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro и American Express (само доколку има CVV2/CVC код на задната страна на картичката), а наплатата се извршува преку нашиот партнер НЛБ Тутунска банка.
Поддршка на корисници
За какви било информации и прашања во врска со реализацијата на интернет-продажбата, може да се јавите на телефонот 077/530-733, или да исконтактирате со нас преку нашата e-mail адреса info.komfortkorner@gmail.com.
Политика на испорака на производите
Купувањето преку нашата интернет-страница може да го реализирате од кој било дел на светот.
Сите производи ќе ви бидат доставени на адресата за испорака, која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Може да ги изненадите и своите блиски и да побарате достава на нивната адреса, притоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Испораката ја врши надворешна фирма, затоа предвидено време за испорака не можеме директно да го одредиме. За пратки во Република Северна Македонија испораката е од 3 до 5 дена од моментот на потврдената нарачка. Во согласност со нашите можности, производот ќе ви биде доставен во најкус можен рок. Комфорт Корнер ДОО го задржува правото да го продолжи рокот на испорака во претходен договор со купувачот.
Испораката се врши преку Карго експрес Битола, Македонски пошти или преку други надворешни карго соработници.
Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.
Доколку нарачката е направена по 17 часот, од наша страна ќе биде проверена наредниот работен ден и, откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака.
Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, во сабота, во недела или на неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот.
Секој купувач е должен при преземање на производот да го провери од евентуални оштетувања, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостига.
Доколку производот е испорачан оштетен или доколку недостига одреден производ од нарачката, купувачот треба да нè информира веднаш за да преземеме мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или по вина на доставувачот, и да сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт.
Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи.
Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата што е ангажирана за извршување на испораката, Комфорт Корнер ДОО не може да преземе никаква одговорност.
Испорака на производи вршиме само со нарачка преку сајтот. Не вршиме испорака со плаќање на производите на врата.
Прием на производите
Производите се доставуваат лично до адресата или до поштенското сандаче на адресата оставена за испорака.
Производите се спакувани во соодветна форма, како заштита од евентуални оштетувања, и не се осигурени од губење или од оштетување за време на транспортот.
Во моментот на прием на производите, должни сте да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентуалните надворешни оштетувања.
Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за поддршка на корисници и кај лицето што ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производите нема да бидат прифатени.
Враќање и замена на производите
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот што се враќа да е во истата физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки што ги имал при приемот.
Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка што сте ја користеле при плаќање на производот.
Замена на производот се врши ако се сочувани изгледот на производот, како и фискалната сметка или фактурата-испратница што му биле издадени на потрошувачот заедно со производот.
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот го нема соодветниот производ, потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И СО ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА НА КОМФОРТ КОРНЕР ДОО И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.
Последна промена: септември 2023 година.